Почетна » Новости » Занимливости » 10-годишно девојче стана мајка (таткото – 13 години)

10-годишно девојче стана мајка (таткото – 13 години)

Веста дека десетгодишно девојче стана мајка го обиколи светот. Романката Елена стана една од најмладите мајки во светот откако минатата седмица се породи во градот Херез де ла Фронтера во Шпанија.

Нозе на бебенце

Елена родила девојче тешко 2,9 килограми кое го добило името Николета. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба, а властите сè уште решаваат дали да ѝ дозволат на Елена да го задржи своето бебе.

Денес стана јасно дека таткото на бебето е исто така малолетен и има 13 години, но веќе не е во врска со Елена.

Роднините на младата мајка се изненадени што се крева толку прашина околу породувањето на Елена и за странските медиуми изјавиле дека е вообичаено во нивната земја да има толку млади мајки.

„Овие работи се нормални во нашата земја. Девојчињата се мажат на 10 години, затоа не разбираме зошто луѓето се толку изненадени“ – изјавила бабата на бебето Олимпија.

Најмладата мајка во Британија се породи во 2006г. на 12-годишна возраст. Оваа година во Кина 9-годишно девојче роди здраво машко дете.

Најмладата мајка за која постојат докази е Лина Медина од Перу која имала само 5 години 7 месеци и 21 ден кога го родила својот син Герардо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21006 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.