Почетна » Новости » Занимливости » Најмладата баба на светот имала само 23 години?

Најмладата баба на светот имала само 23 години?

Многу жени на возраст од 23 години сметаат дека им е рано да станат мајки, но Рифка Станеску од Романија на 23 години станала баба, пишува британскиот весник The Sun.

Таа ја родила својата прва ќерка Марија кога имала само 12 години и цел живот ја советувала да не го следи нејзиниот пример и да почека за да има деца.

Рифка со својот внукРифка со својот внук

Но, Марија го родила својот прв син кога имала само 11 години. Така, 23-годишната Рифка станала најмладата баба на светот, а нејзината мајка на 40 години станала прабаба.

Рифка со сопругот и внукотРифка со сопругот и внукот

Рифка се омажила кога имала само 11 години, а нејзиниот сопруг имал 13. На 12 години ја родила Марија, а една година подоцна родила и син, Николае.

Иако како добра мајка таа ја убедувала својата ќерка да го продолжи образованието, Марија се омажила кога имала 10 години, а шест месеци подоцна го родила своето прво бебе. Денес синот на Марија има полни 2 години.

„Среќна сум што сум баба, но посакував многу други работи за Марија“ – изјавила Рифка за The Sun.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.