Фотографиите од проектот „Скапоцено бебе“ е невозможно да не ве разнежнат. Секоја слика прикажува мало бебе или дете во волшебна сцена.
Анџела Фокер, фотографката која е заслужна за инспиративниот проект, вели: „Желба ми е да ширам надеж и да ја подигнам свеста за бебињата со посебни потреби преку прекрасни и/или забавни фотографии од бебиња на кои им е потребна различна медицинска нега. Сакам да му покажам на светот дека секое бебе е скапоцено!“
Малите херои се родени со најразлични медицински состојби – Даунов синдром, церебрална парализа, спинална мускулна атрофија...