Собирањето на интересни школки и камчиња од плажите е хоби на многумина. Но, Светлана Иванченко оди еден чекор понапред од другите и ги користи пронајдените камења и школки за креирање на прекрасни „мозаици“.
Талентираната Украинка, родена во Јалта, на крајбрежјето на Црно Море, отсекогаш била фасцинирана од природните материјали кои ја опкружувале, па одлучила да ги искористи за свои уникатни уметнички дела.
Инспирирана од Јалта и формата на женското тело, Светлана ги спојува различните бои и текстури на школките и камчињата и создава прекрасни „слики“ во земјени бои.
„Не ги обојувам материјалите и не ги кршам, затоа што ми е важно моите дела да се изработени од природни материјали. Создавањето на секое дело релаксира, бидејќи е потребна голема концентрација и тоа е нешто на кое можам да работам сама во тишина“ – изјавила таа.
Во текот на изминативе 12 години, Светлана има направено околу 80 мозаици. Погледнете ги најдобрите.