Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Носела корсети 7 години за струк од само 40 сантиметри

ФОТО: Носела корсети 7 години за струк од само 40 сантиметри

Припадничките на понежниот пол копнеат по женствена фигура на песочен часовник, но Кели Ли Дикеј оди во крајност со својата опсесија за тенка половина.

27-годишната синокоса од Њујорк 7 години редовно носела корсети и успеала да го намали обемот на својата половина до неверојатни 40,6 сантиметри.

Кели Ли Дикеј Кели Ли Дикеј Кели Ли Дикеј

„Сметам дека е интересно како ткаенини и врвци можат лесно да го манипулираат телото за да придобие екстремна силуета“ – рекла Кели, која за својата фигура се инспирирала од ликовите Џесика Ребит од филмот „Who Framed Roger Rabbit“ и Сторм на Marvel.

Иако наидува на многу негативни коментари, Кели нема намера да се откаже од носењето корсет. „На некои луѓе им се допаѓа, некои го мразат, но јас отсекогаш сум го правела тоа за себе, никогаш за реакциите на луѓето. Луѓето велат дека изгледа неприродно. Но, јас имам сина коса. Кој дел од мене вреска дека сакам да бидам како сите останати?“ – смело коментирала таа.

Кели Ли Дикеј Кели Ли Дикеј

Екстремниот изглед на Кели разгоре многу дискусии на интернет, па таа реши да им врати на лошите коментари на социјалните мрежи. „Не очекувам некој да ги рaзбере или да се согласи со моите одлуки. Тие се мои одлуки. Некои луѓе ја мразат мојата сина коса. Не ми е гајле. Зошто да ми е гајле? Јас сум среќна со својата сина коса и носам корсети постојано. Дали тоа е за секого? Не, затоа што секој е различен“ – напиша таа на Facebook.

Кели Ли Дикеј Кели Ли Дикеј

Жената со најмал струк на светот кога било досега е Етел Грејнџер. Таа го смалила својот струк до 33 сантиметри за да му удоволи на својот сопруг Вилијам.

Етел ГрејнџерЕтел Грејнџер Етел Грејнџер

Кети Јанг пак е жената која моментално го држи Гинисовиот рекорд за најтенка половина. Кога носи корсет, нејзиниот струк е 38,1 сантиметри.

Кети ЈангКети Јанг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.