Почетна » Новости » Мода » ФОТО: „Вог“ црпи инспирација од жената со најмал струк

ФОТО: „Вог“ црпи инспирација од жената со најмал струк

Насловната страна на септемвриското издание на италијанскиот „Вог“ го има оној шок ефект кој ја остава јавноста со подотворена уста. Додека некои беа воодушевени од желбата на уредниците да го предизвикаат идеалот за она што е убаво, други признаа дека чувствуваат одбивност и разочарување.

Корицата на списанието покажува модел чиј струк е стегнат со корсет (и се разбира дигитално оформен) за да има обем од 33 сантиметри. За да не се појави контра ефект и луѓето да помислат дека списанието поддржува анорексични модели, веднаш беше објаснето дека фотосесијата е инспирирана од жената со најмал струк на светот – Етел Грејнџер.

Како што потенцира Вог Италија, Етел го смалила својот струк за да го задоволи својот сопруг, Вилијам.

„Пред бракот Етел беше обична несофистицирана 23-годишна девојка која носеше фустани без форма од 20-тите, коишто Вилијам ги презираше. Еден епохален ден, кога Вилијам ги стави рацете околу половината на Етел, таа го запраша: Драги, дали забележуваш разлика? Тој забележа, корсетите ја стегнаа Етел до 60 сантиметри, колку што и беше нејзиниот струк. Тогаш започна процесот на модификација на половината на Етел. На почетокот Етел беше задоволна со тоа што го носеше корсетот само дење, но Вилијам ја убеди да го носи и додека спие“ – објаснува Вог.

По неколку години употреба на корсет, струкот на Етел достигнал 33 сантиметри, најмалиот струк регистриран досега.

„Револуционерна жена, која за да ги задоволи вкусовите на својот сопруг, не се плашеше да си стави повеќе од 10 пирса во 50-тите години. Таа е инспирацијата зад корицата и модната фотосесија, интерпретирана од Стела Тенант“ – пишува списанието.

Погледнете фотографии од самата Етел, како и од фотосесијата инспирирана од нејзината несекојдневна форма на телото.

Етел ГрејнџерЕтел Грејнџер
Етел Грејнџер Етел Грејнџер
Етел Грејнџер Етел Грејнџер
Насловната на ВогНасловната на Вог Насловната на ВогНасловната на Вог Фотосесија на Вог Фотосесија на Вог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19685 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.