Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 6 години носела корсет по 23 часа дневно за да има половина од 50 сантиметри

ФОТО: 6 години носела корсет по 23 часа дневно за да има половина од 50 сантиметри

Телото на Алеира Аведано изгледа нереално, како песочен часовник. 25-годишниот модел има направено неколку пластични операции, а веќе 6 години носи корсет по 23 часа дневно за да ја добие екстремната фигура.

Аведано, која има половина од 50 сантиметри, не носи корсет само додека е под туш. „Се капам и одмарам еден час, а потоа повторно го ставам корсетот. На почетокот беше ужасно, но се навикнав. Опседната сум со колани и корсети, дури и спијам со нив“ – вели Венецуелката со необично тело.

Алеира Аведано Алеира Аведано

Иако докторите ја предупредуваат дека нејзиното „хоби“ може да ѝ донесе здравствени проблеми, таа не се откажува од корсетот, кој го нарекува своја втора кожа.

„Каде и да одам, привлекувам внимание. Луѓето викаат по мене на улица, не можат да поверуваат дека моето тело е реално“ – изјавила со гордост Аведано.

Алеира Аведано Алеира Аведано Алеира Аведано

Аведано си има направено и липосукција, три пластични операции на градите и операции на носот и усните.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.