Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Романката со тело како песочен часовник има половина од 50cm

ФОТО: Романката со тело како песочен часовник има половина од 50cm

Телото на Романката Јоана Шпангенберг изгледа како вистински песочен часовник. Преслабата Јоана е висока 167,5 сантиметри, а тежи само 38 килограми, иако тврди дека јаде трипати дневно.

„Никој не ми верува, но секој ден јадам по три големи оброка и постојано јадам чоколадо и грицки. Имам мал стомак. Ако јадам многу, ми станува лошо“ – изјавила 30-годишната Јоана за The Sun.

Јоана

Половината на Јоана е само 50,8 сантиметри, а нејзините колкови се 81,2 сантиметри.

Кога се родила, Јоана тежела нешто повеќе од 3 килограми. Но, кога влегла во тинејџерските години нејзиниот изглед се променил.

„Кога имав 13 години мојата половина беше 38 сантиметри. Ако некој ги ставеше дланките околу мојата половина, прстите ќе му се допреа и сè уште ќе имаше празно место“ – изјавила таа.

И покрај тоа што се трудела да се здебели консумирајќи чоколада, Јоана не успеала да добие позаоблено тело. „Во Романија подобро е да си дебел, бидејќи тоа значи дека си од богата фамилија. Па, додека моите пријатели излегуваа и се состануваа, јас седев дома и јадев Марс чоколада со надеж дека ќе се здебелам“ – објаснила таа.

Долги години Јоана не можела да си ја врати самодовербата поради чудниот изглед. Во 2006 година таа го запознала Германецот Јан со кого стапила во брак по осуммесечна врска.

„Јан беше првиот човек кој ме гледаше како убава и ме поттикнуваше да го сакам своето тело. Тој побара од мене да позирам за него... Тој беше толку импресиониран што ги стави фотографиите на интернет и реакцијата беше неверојатна“ – изјавила таа.

Јоана вели дека сака да ја зголеми својата тежина за да не изгледа толку шокантно. „Сè уште сакам да се здебелам за да не изгледам толку шокантно и сега бидејќи живеам во Германија, не можам да се донајадам ќебапи и пица. Но, конечно се чувствувам комфорно во сопствената кожа“ – додала таа.

Во следново видео половината на Јоана дополнително е намалена со корсет:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20799 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.