Нема човек кој не би воздивнал на слатките бебиња од фотографиите на Ивон Ват и Фиона Потер.
Двете фотографки сфатиле дека кога бебињата се многу мали, родителите скоро и да немаат време да седнат да уживаат во нивната совршена убавина, па пред да трепнат, бебињата ќе пораснат. Затоа, решиле да ја овековечат убавината на бебињата кога тие се најмали.
Сите бебиња на сликите се на возраст од 6-14 дена, а облечени со плетени капи и завиткани во ќебенца од овча кожа изгледаат слатко и нежно.