Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Креативните фотографии на една мајка од нејзиното заспано бебе

ФОТО: Креативните фотографии на една мајка од нејзиното заспано бебе

Додека бебињата спијат, изгледаат толку смирено и неодоливо што секој може со часови да стои и да ги набљудува. Една мајка решила да го искористи времето додека нејзината ќеркичка спие, за да создаде интересни фотографии. Адел Енерсен на креативен начин со помош на шалови, облека и други реквизити од домот создава интересни концепти во чиј центар е секогаш нејзината мала ќерка Мила.

Мила

Сите тие слатки фотографии 33-годишната мајка ги објавила во новата книга „When My Baby Dreams“.

„Откако се роди Мила, бев толку возбудена што не можев да спијам! Но, Мила сакаше да спие со часови и часови, па додека таа се одмараше сè што можев да правам беше да зјапам во моето бебе и да се прашувам... За што ли сонува? По неколку седмици поминати во гледање на заспаната Мила, конечно започнав да ги гледам нејзините соништа, па решив да ги фотографирам“ – пишува во воведот на книгата.

Кога Мила ќе порасне, сигурно ќе биде пресреќна што има толку специјални спомени од почетокот на својот живот.

Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила Мила и АделМила и Адел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.