Сестрите Tracy Raver и Kelley Ryden ги имаат направено некои од најслатките фотографии од бебиња во своето студио во Небраска.
Една нивна фотосесијата обично трае околу 3-4 часа во специјално опремено студио со идеални услови за малите бебенца. Сите малечки што ќе ги видите се на возраст од само пет до десет дена. Тоа е возраст кога бебињата најмногу спијат и можат да бидат поставувани во најразлични позиции. Двете сестри соработуваат и со фотографот Stephanie Robin, која што воедно е и педијатар и им помага подобро да ги разберат зглобовите и рефлексите на бебињата.
Овие фотографии се дел од нивната книга Sleeping Beauties: Newborns in Dreamland (Заспани убавици: Новороденчиња во светот на соништата).