Зоран Заев со семејството изминатиот викенд се забавуваше на свадба.
Македонскиот премиер со сопругата Зорица и ќерката Александра изгледаа елегантно на фотографиите кои Александра ги сподели на социјалните мрежи.

18-годишната девојка носеше впечатлива сина креација.

Александра се фотографираше и со своето момче Иван Проданов.


Зетот на свадбата беше од семејството Проданови, а Александра им честиташе на младенците и со фотографија.

