Александра Заева се забавуваше и маскираше за време на карневалот во Струмица. Ќерката на премиерот Зоран Заев се претвори во Сенди од хит-хилмот „Брилијантин“, а потоа заедно со своето момче Иван и со целото нивно друштво се маскираа во костури.
Александра изгледаше одлично во црната комбинација со црвени салонки и кармин.
Зоран Заев со сопругата Зорица го проследија карневалот, но не се маскираа.