Почетна » Новости » Занимливости » Зоран и Зорица Заеви со првата дама Елизабета посетија предвремено родени бебиња на ГАК

Зоран и Зорица Заеви со првата дама Елизабета посетија предвремено родени бебиња на ГАК

Денес е Светскиот ден на предвремено родените бебиња.

По тој повод, премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица, првата дама Елизабета Ѓоргиевска и министерот за здравство Венко Филипче ги посетија малите борци на Гинеколошко-акушерската клиника во Клиничкиот центар во Скопје, а се сретнаа и со пораснати дечиња кои биле родени предвремено.

Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња

„За две години процентот на починати предвремено родени бебиња е намален за нешто повеќе од 50%, во 2016 изнесуваше 25%, а оваа година 12%. Во развиените земји речиси сите овие бебиња преживуваат. Нашата намера е Северна Македонија да биде една од тие земји. Имаме причина да веруваме дека сме на добар пат да го постигнеме тоа“ – истакна премиерот Заев.

Овие трендови се резултат на алармот што го иницираше директорка на ГАК, Д-р Викторија Јовановска, во 2017 година, по што Владата започна да вложува повеќе средства за набавка на опрема и за проширување на стручните тимови на одделението за интензивна нега на Гинеколошки-акушерската клиника, што доведе до зголемување на стапката на преживување на предвреме родените дечиња.

„Уште истата година Владата веднаш обезбеди набавка на 15 инкубатори за бебињата кои до тогаш беа сместувани дури и по две бебиња во 1 инкубатор што беше една од причините за дополнителни компликации за здравствената состојба на предвреме роденото бебе. Беа купени и монитори со аспиратори за одделението на интензивна нега. Во рок од една година за Клиниката за гинекологија и акушерство беа одобрени вработувања на 30 медицински сестри и акушерки, педијатри, анестезиолози и патолог. Го потврдивме нашето врвно залагање дека здравјето на нашите граѓани и на нашите деца е врвен приоритет и дека за да го постигнеме тоа мора да се создадат најдобри услови за подобрување на работната средина и за лекарите и медицинскиот персонал“ – изјави премиерот Заев на прес-конференцијата во ГАК.

Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња

„Денес е Светскиот ден на предвремено родени дечиња, оваа година под мотото „Роден прерано: обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место".“

„Од местото каде што се раѓа детето односно животот, испративме порака со надеж дека во иднина секое од 600те- годишно предвреме родени бебиња, ќе растат нормално со своите врсници.“

„Податоците што ги слушаме се оптимистички и надежни за сите на кои предвреме им посакуваме добредојде и чиј прв дом е инкубаторот. Децата кои тоа го доживеале и кои денес ги сретнавме, докажуваат дека животот им се насмевнува исто како и на нивните врсници“ – напиша сопругата на претседателот Стево Пендаровски.

Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња Светскиот ден на предвремено родените бебиња

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.