Украсувањето нокти денес не е само обично лакирање и редење на циркони и лепенки. Многу девојки ја изразуваат својата фантазија токму преку различни маникири.
Кејли О’Конор собра многу обожаватели на интернет со своите креативни и забавни маникири инспирирани од познатите цртани филмови на Дизни, телевизиски серии и филмови.
„Јас сум обожавателка на толку многу нешта – телевизија, филмови, музичари... има бескрајна листа на нешта кои сакам да ги претставам на моите нокти. Jас ги гледам како мини привремени тетоважи. Земајќи ја предвид мојата импулсивна природа, веројатно досега би била прикриена со тетоважи ако не беа моите нокти како место за издувување“ – изјавила Кејли за „Хафингтон Пост“.
За еден целосен маникир на Кејли ѝ се потребни околу 45 минути, но поретко за еден дизајн издвојува и по 2 часа.
„Започнав да си лепам вештачки нокти кога имав некаде 16-17 години (затоа што ги изгризав моите и личеа на нешто излезено од хорор филм – и тоа не на добар начин). По извесно време започнав врз нив да цртам дизајни за да не изгледаат толку здодевно и потоа тоа премина во лудост со различни форми, големини и сето тоа...“ – пишува за себе 24-годишната студентка на профилот на DeviantArt.
Кејли планира во иднина да си отвори сопствена онлајн продавница каде што ќе може да продава готови маникири или да работи во салон.