Почетна » Убавина и мода » Тело » 5 колоритни летни идеи за декорирање на нокти

5 колоритни летни идеи за декорирање на нокти

Декорирањето на ноктите е забавно мини хоби со чии резултати можете да се гордеете. Ви недостига инспирација? Имаме неколку летни предлози за интересен маникир кои брзо и лесно ќе ги пренесете на вашите нокти.

Нокти Летен миксНокти Овошен деликатесНокти Весела разменаНокти Полумесечинки во бојаНокти Разнобоен животински принт

Летен микс

Летото е сезоната на забавата и експериментирањето. Разнообразете го стандардното лакирање на ноктите со забавен микс.

  1. Секој нокот на раката лакирајте го со различна боја.
  2. Продолжете по истата шема и на другата рака.

Веселите нокти сигурно ќе ви донесат и повесело расположение.

Овошен деликатес

Овошните нокти делуваат примамливо и слатко, а можете да ги направите без многу труд.

  1. Премачкајте ги ноктите со црвено-розов лак.
  2. Првиот, третиот и петтиот нокот направете ги да изгледаат како лубеница, а останатите два – како јагода.
  3. За да направите лубеница, направете на врвот три тенки линии со бел, жолт и зелен лак и со црн лак направете мали точки кои имитираат семки.
  4. За да направите јагода, на врвот со зелен лак и цик-цак линија нацртајте ливче, а со жолт лак направете ситни семки.

Весела размена

Искористете лакови во три различни бои за да си направите весела декорација.

  1. Премачкајте ги ноктите, така што да немате два нокти еден до друг во иста боја (сино, жолто, сино...).
  2. Со помош на лакот во боја различна од таа што е премачкан нокотот, направете линија на врвот.
  3. Завршете го маникирот со мали точки направени со лак во трета боја, кои ќе ги нацртате по претходно направената линија.

Полумесечинки во боја

Овој предлог може да се нарече контра француски маникир. „Полумесечината“ е кај коренот на нокотот, а наместо стандардните млечни бои се користат поживи бои.

  1. Премачкајте ги ноктите со лак во корална боја.
  2. Со помош на светлозелен лак за нокти со тенка четкичка за цртање нацртајте полумесечинки во коренот на нокотот.

Разнобоен животински принт

Животинскиот принт е буквално меѓу најжешките трендови и нема да погрешите ако го искористите како декорација за вашите нокти. Но, дајте му летен дух преку користењето на повеќе бои.

  1. Премачкајте ги ноктите со портокалов лак.
  2. Со син лак направете неправилни кружни форми.
  3. Со црн лак со тенко четче направете црни неправилни линии. Некои направете ги по контурите на сините форми.

Едноставно и забавно. Искористете го времето за одмор за да си направите креативен маникир, а потоа излезете за да го покажете.

Сакате уште идеи? Посетете ги соодветните теми на нашиот форум:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.