Почетна » Убавина и мода » Тело » Како побрзо да ги исушите лакираните нокти?

Како побрзо да ги исушите лакираните нокти?

Уредните лакирани нокти се задолжителен женски „моден додаток“. Но, најмачниот и најиритирачкиот дел од правењето на маникирот дефинитивно е сушењето на лакираните нокти. Веројатно ви се случило да „чадите“ од нервоза чекајќи да се стврдне лакот и да мафтате со рацете наоколу за да го забрзате сушењето, бидејќи доцните за излегување. Дури и во моментите кога не брзате да излезете од дома, само еден мал невнимателен потег може да го уништи вашиот труд и да завршите со непривлечен размачкан нокт.

Лакирани нокти

Се вели: „Жените се беспомошни само додека не им се исуши лакот на ноктите“. За да го скратите времето во кое рацете ви се „врзани“ и не можете да правите ништо, применете ги следниве совети:

  1. Не користете стар лак за нокти. За да го скратите процесот на сушење, изберете од вашите понови лакови. Постарите лакови се згуснуваат и стануваат потешки за нанесување, а и за сушење. Потешко ќе можете да премачкате тенок слој, а ќе ви биде потребна цела вечност за да го исушите. Дури и ако ја обожавате бојата на стариот лак, прескокнете го ако брзате и искористете го во друга прилика кога времето нема да ви биде пречка.
  2. Пред лакирање измијте ги рацете со топла вода и сапун. Пред да си направите нов маникир, веројатно го отстранувате лакот кој сте го носеле претходно. Во поновите отстранувачи на лак има и навлажнувачки масла кои можат да ви го скратат траењето на новиот маникир и да го продолжат сушењето. Со топлата вода и сапунот вие ќе ги отстраните сите масла и нечистотии кои ги има врз ноктите. Ем лакот ќе ви се исуши побрзо, ем ќе можете да се радувате на новиот маникир подолго време.
  3. Нанесете два тенки слоја. Подобро два тенки слоја отколку еден дебел слој. Ако не сакате да добиете интензивна боја, може да нанесете само еден слој. Но, повеќето лакови изгледаат најдобро кога се нанесени во два слоја.
  4. Почекајте да се исуши првиот слој пред да продолжите со втор. Ако избрзате да го нанесете вториот слој врз недосушениот прв слој, ќе го продолжите времето неопходно за сушење.
  5. Потопете ги ноктите во сад со ладна вода и мраз. Најефективниот природен метод за брзо сушење на лакирани нокти е ладната вода. Но, не се препорачува да ги ставите прстите под чешмата, бидејќи млазот може да го размачка внимателно нанесениот лак. Најбезбедно е да наполните мал сад со ладна вода (по можност вода која сте ја чувале во фрижидер) и во него да ги потопите прстите. За максимален ефект ставете во водата неколку коцки мраз, бидејќи колку поладна е водата, толку подобро дејствува. Држете ги прстите во водата барем 1 минута, без да ги мрдате, за да не ја уништите мазната површина. Немате мраз? Откако ќе поминат 30 секунди истурете ја водата и заменете ја со свежа, затоа што вашите раце ќе ја затоплат. Ладната вода го стврднува лакот, а топлата го омекнува. Па, ако сакате беспрекорен маникир, никогаш не влегувајте да се туширате непосредно по лакирањето.
  6. Искористете го ладниот воздух од фенот за коса или вентилаторот. Наместете го фенот да дува ладен воздух и лесно ќе се справите со сушењето на ноктите. Исто така, во летниот период можете да го искористите воздухот од вентилаторот. Во најдобар случај комбинирајте ги овој и претходниот совет, т.е. прво потопете ги ноктите во ладна вода и додека се влажни пуштете го фенот да дува во нив. Не се лажете да ги сушите ноктите со топол воздух од фенот, затоа што така само ќе ја влошите ситуацијата.
  7. Купете си спреј или лак за брзо сушење. Постојат најразлични производи како спрејови и лакови за брзо сушење на ноктите кои нема многу да го испразнат вашиот паричник. Ако често имате проблем со сушењето, не е лоша идеја да инвестирате во еден таков производ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.