Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Елегантната Северина е ѕвезда во колоритниот календар на „Пелистерка“

ФОТО: Елегантната Северина е ѕвезда во колоритниот календар на „Пелистерка“

„Пелистерка“ ги објави фотографиите од календарот со музичката ѕвезда Северина.

На сите фотографии, 44-годишната хрватска пејачка лебди во елегантни и сексапилни изданија.

Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина

Од „Пелистерка“ истакнуваат дека ја избрале Северина за заштитно лице поради нејзиниот уникатен стил и неверојатната енергија што ја поседува.

„Северина е поим за моќна убавина, уникатен стил и непресушна енергија, карактеристики кои што се препознатливи за нашата вода. Ја избравме Северина за заштитно лице бидејќи таа секогаш е во тек со трендовите, а „Пелистерка“ е компанија која ги поставува трендовите во нашата индустрија. Заедно правиме производ кој ќе претставува комплетно различна визија од сѐ претходно што е претставено на македонскиот пазар, но и во поширокиот регион“ – велат од „Пелистерка“.

Популарната пејачка досега соработувала со реномирани светски брендови од Германија и од Швајцарија, чие е заштитно лице, а ова ѝ е прва соработка со компанија од Македонија.

„Неверојатно сум горда што компанија од Македонија ме избра токму мене за нејзино заштитно лице. Воопшто не се двоумев дали да ја прифатам поканата бидејќи станува збор за реномирана и успешна компанија која произведува врвна вода за пиење. Македонија е една од моите омилени земји која постојано ја носам во срцето и навистина сум среќна што сега ќе имам можност да ја посетувам почесто“ – изјави Северина по потпишувањето на договорот со „Пелистерка“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.