Покачувањето на температурите го разгорува копнежот за тропски авантури на егзотични дестинации. Кој може да ѝ одолее на рајската убавина на островите низ светот?
TripAdvisor, најпознатиот сајт за патувања, направи листа од десетте најубави острови на светот, кои дефинитивно ќе посакате да ги посетите. Листа е направена врз основа на квалитетот и квантитетот на рецензиите и коментарите на посетителите на сајтот во текот на една година, а кои се однесуваат на хотелите, знаменитостите и угостителските објекти на секој остров.