Почетна » Новости » Занимливости » Рајска убавина: Најубавите острови на светот

Рајска убавина: Најубавите острови на светот

Природата често знае да биде предарежлива, сместувајќи го најдоброто од себе на едно место. Факт е дека на планетата постојат дестинации кои се вистински рај, а голем дел од нив се наоѓаат на острови. Тиркизна вода, бел песок, тропска клима, палми... Кој би посакал повеќе?

Иако не е лесна задачата да се изберат најубавите острови, сепак читателите на британското списание „Condé Nast Traveller“ ги издвоија своите фаворити. Според нивните гласови, белите песоци им ја донесоа на Малдивите титулата најпопуларна дестинација, а гостопримливоста беше најважен фактор за островите на Грција да го добијат второто место на егзотичната листа.

Еве кои се најомилените острови меѓу туристите:

Малдиви

Малдивите се сон за секој турист и идеална дестинација за меден месец. Кристално чистата вода, бескрајните плажи и незаборавните огнени зајдисонца се само мал дел од причините што секој посакува реприза на одморот на овие атрактивни острови.

Малдиви Малдиви Малдиви Малдиви Малдиви

Грчките острови

Грците ги придобиваат туристите со љубезноста и гостопримливоста, но најзаслужни за огромната популарност се медитеранските волшепства кои во изобилство ги има на места како Санторини.

Грчките острови Грчките острови Грчките острови Грчките острови Грчките острови Грчките острови

Сицилија

Најголемиот остров во Средоземното Море, Сицилија, крие едни од најубавите плажи, но привлекува и со највисокиот активен вулкан во Европа, Етна.

Сицилија Сицилија Сицилија

Свети Вартоломеј

Нарекуван и Св. Бартс, овој елитен остров на Карибите редовно е посетуван од богатите и славните и е во позадината на најегзотичните фотосесии.

Свети Вартоломеј Свети Вартоломеј

Балеарски Острови (Мајорка, Менорка, Ибица, Форментера)

Балеарите минатата година убедливо беа на првото место. Тие можат да ви понудат најоткачен одмор исполнет со луди забави какви што има само на Ибица, но и спокоен одмор во прекрасните селца на крајбрежјата.

Балеарски Острови Балеарски Острови Балеарски Острови Балеарски Острови

Сејшелски Острови

Сејшелите нудат природна убавина недопрена од човечката рака. Интересен е фактот што сејшелското општество основно е матријархално.

Сејшелски Острови Сејшелски Острови Сејшелски Острови Сејшелски Острови

Капри

Капри е едно од најголемите богатства на Италија. Неповторливиот микс од историја, спектакуларни природни убавини и култура е причината зошто овој остров со векови е популарна дестинација меѓу уметници, писатели и интелектуалци.

Капри Капри Капри

Барбадос

На забавниот Барбадос можете да пиете рум пунч додека уживате во топлата сина вода и да јадете летачка риба додека сфаќате дека релаксацијата ви станала приоритет.

Барбадос Барбадос Барбадос Барбадос Барбадос

Маврициус

Маврициус е совршено место за романтично бегство од реалноста. Овој остров е дом на многу писатели, поети и артисти кои се инспирираат од природната убавина и мултикултурниот идентитет на земјата.

Маврициус Маврициус Маврициус Маврициус

Малта

Средоземната клима, историските и археолошките знаменитости, како и 9-те локации кои се заштитени од УНЕСКО, се причините што Малта се сместува на листата на омилени туристички дестинации. Валета, главниот град на Малта, крие во себе прекрасни барокни палати, градини и цркви.

Малта Малта

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19719 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.