Фитнес ѕвездата Емили Скај со фотографии покажа дека се врати во фит форма по породувањето.
32-годишната Австралијка сподели дека ѝ биде потребни пет месеци напорни тренинзи за да го скине вишокот килограми од бременоста и да го оформи и зацврсти своето тело.
Кратко време по раѓањето на ќеркичката, Емили сподели фотографија од големиот стомак и напиша дека иако по породувањето изгледа како да е бремена во шести месец, таа го сака своето тело бидејќи тоа ја израсна нејзината ќеркичка.
Пет месеци подоцна, Емили се гордее со резултатите од нејзината дисциплинираност.
Скај вежбаше до седмиот месец од бременоста, но и покрај тоа, таа ја покачи тежината за 21 килограм.
Со споделувањето на својот напредок, Емили цели да им покаже на новите мајки дека е во ред ако не изгледаат совршено веднаш по породувањето и дека треба да мине подолг период за да го вратат своето тело во нормала по сите промени кои се случуваат во бременоста. „Горда сум на себе бидејќи тренирав многу напорно. Не се ограничувам премногу, сè уште уживам во животот (и во закуските) и не минувам многу време разделена од ќерка ми“ – пишува Емили.
Погледнете како изгледаше Емили пред бременоста. Taa e eдна од најпознатите фитнес зависнички, која со документирање на своите тренинзи на Instagram инспирираше илјадници жени ширум светот да ги одржуваат своите тела во топ форма. На популарната социјална мрежа Скај има 2,4 милиони следбеници.