Емили Скај ја покажа трансформацијата на нејзиното тело 2 години по раѓањето на второто дете.
38-годишната фитнес ѕвезда им возврати на сите оние кои се сомневаа во неа и ѝ велеа дека телото неповратно ѝ е уништено по раѓањето на нејзините малечки. Емили цели да покаже дека со истрајност и редовни тренинзи секој може да ја постигне посакуваната форма на телото, без разлика дали има родено деца или не.
Што се случува кога ќе ги комбинираме вербата во себе, посветеноста и истрајноста?
Моето фитнес патување во изминатите 18 месеци! До оние кои велеа дека не можам да успеам, дека телото ми е уништено по раѓањето бебиња: ми требаше време, но УСПЕАВ и сега сум посилна и пофит од кога било претходно и никогаш не сум го сакала моето тело повеќе. Го направив ова за мене и за моето семејство. Сега сум физички и ментално во најдобра состојба.
Емили откри дека постојано добива пораки и коментари во кои се вели дека не треба да го разголува своето тело во бикини, сега кога е мајка, како и дека нејзините мускули изгледаат мажествено. На тоа Емили возвраќа:
„Да, моето тело во моментов не е во мода. Да, добро прочитавте. Формите на телото имаат мода. Колку е смешно тоа. Немам, тенка половина и широки колкови, задник и нозе, па не сум во мода. За среќа, модата никогаш не ми била силна страна. Нема да го жртвувам моето здравје и сила за да изгледам атрактивно во очите на општеството. Тренирам за да бидам силна и да се чувствувам ДОБРО! Не тренирам за да се вклопам во моменталните трендови за форма на телото“ – вели таа.
Емили апелира луѓето да престанат со ширење негативност и да ги чуваат лошите коментари за себе.
Моето „бикини тело“ во различни форми во изминатите неколку години. Од втората бременост до две години по породувањето.
Нема ништо „погрешно“ во тоа да си самоуверена во сопственото тело. Тоа е ПРАВИЛНО.
Кога бев бремена и во периодот по породувањето и носев екстра масти, луѓето го славеа фактот дека сум доволно самоуверена во сопственото тело за да носам бикини. Сега, кога повторно сум фит и го изгубив она што го добив во бременоста, луѓето ми велат нешта како: „Зошто мора да носиш бикини?“, „Мајките не треба вака да си ги покажуваат телата“ или „Се сакаш себеси!“. ТОЧНО ТАКА, СЕ САКАМ СЕБЕСИ. Ми требаше долго време.
Нели општеството ни кажува дека треба да се сакаме себеси? А кога го правиме тоа, ни вели дека не треба.
Го сакам моето тело во сите форми и големини во сите периоди од моето патување низ бременост и постпартум. Благодарна сум за него! Ќе лажам ако речам дека не сум најсреќна онаква каква што сум сега. Се чувствувам како супержена! Силна сум, фит, здрава и го обожавам изгледот на моето тело. Напорно тренирав за да изгледам вака и среќна сум.
Ако сакам да им посакам нешто на моите деца, тоа е вистински да се сакаат себеси. Се надевам дека нема да им треба толку долго време како мене. Сé што можам да направам е да ги насочувам преку личен пример.
Патем, сите имаат тело вредно за бикини, без разлика на нивната форма или големина, без разлика колку имаат целулит, брчки или стрии. Носете бикини ако сакате.