Како една од најпознатите фитнес блогерки, Емили Скај постојано им нуди на своите следбеници вежби кои ќе им помогнат да си го трансформираат телото.
35-годишната Instagram ѕвезда сподели 5 ефективни вежби за поцврст задник, за кои е потребен само ластик за вежбање.
Ластиците за вежбање сè почесто се употребуваат за време на тренинзите, бидејќи ги отежнуваат движењата и со тоа помагаат за побрзо тонирање на мускулите и забрзување на процесот на согорување на масти.
Направете 2-3 серии со по 10-12 повторувања на секоја од вежбите.