Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес ѕвездата Емили Скај со фотографии од телото по второто дете порачува: „Нема брз начин за враќање назад“

Фитнес ѕвездата Емили Скај со фотографии од телото по второто дете порачува: „Нема брз начин за враќање назад“

Фитнес ѕвезда сподели албум со реални фотографии од своето тело месеци по раѓањето на второто дете за да им порача на мајките дека нема брз начин за враќање во форма по породувањето.

Испровоцирана од фотографија на славна личност која позира со рамен стомак 11 дена по породувањето, Емили Скај создаде објава во која апелира жените да не се споредуваат со другите. 36-годишната фитнес зависничка не открива за чија фотографија станува збор, но очигледно е дека се работи за фотографијата на Емили Ратајковски, на која таа позира со супер рамен стомак денови по раѓањето на првото дете.

Емили Ратајковски

Скај постојано се бори за рушење на нереалните стандарди кои им се поставуваат на мајките и се залага за подобрување на нивното ментално и физичко здравје. Таа е реална за својот изглед, за големото стомаче, вишокот кожа, стриите и целулитот.

За да покаже дека нема такво нешто како „брзо опоравување“, Скај сподели свои фотографии заедно со важна порака:

Неодамна, една славна личност го покажа својот супер рамен стомак 11 дена по раѓањето на нејзиното бебе. Многу луѓе, особено мајките, беа вознемирени поради тоа и ги споредуваа нивните сопствени тела.

Одлучив да го покажам моето постпородилно тело на моето патување да станам фит по раѓањето на моето второ дете. Како што можете да видите, тука нема „брзо враќање“!

Јас се залагам за позитивност и ги славам сите тела, бидејќи сите сме неверојатни на свој начин. Споредувањето со луѓе кои се навидум „совршени“ е нездраво. Не можеме да контролираме што избираат да објават другите луѓе, но можеме да контролираме како ќе дозволиме тоа да се одрази на нас. Како ќе се чувствуваш за себе е твоја одговорност, не им ја давај таа моќ на другите луѓе. Ова е нешто што јас го научив и за себе!

Некои жени се „враќаат“ во форма кратко по раѓањето бебе, а некои, ако не и повеќето, не се враќаат. Мене ми требаше една година по раѓањето на првото дете за повторно да бидам фит. Сега сум 9 месеци на моето патување по моето второ дете. Иако не се трудам да си го вратам телото назад, се стремам да бидам најдобра што можам.

Верувам дека е нереалистично и нездраво да се споредуваме со НЕКОГО. Јас го правев тоа по раѓањето на првото дете. Се прашував зошто толку многу фитнес професионалци се враќаат назад брзо по породувањето, а јас не. Се чувствував како измамник, зашто не изгледав фит. Овој пат знам подобро...

Поминаа 9 месеци од раѓањето на моето второ дете, а јас сè уште имам вишок кожа на стомакот и мојот стомак сè уште сака да „излезе“ кога не го држам стегнат умислено. Работев многу напорно за да бидам фит, здрава и силна, понапорно отсекогаш, но ми се допаѓа чувството дека сум силна, издржлива и способна за сè, а што е најважно, среќна сум.

Многу се гордеам со себеси и го ценам моето тело поради сè што прави за мене и за моите малечки. Навистина сакам и другите жени да се чувствуваат така. Знам дека е тешко, ми требаа децении за да стигнам дотука и ова е патување кое сè уште трае.

Не е себично ако здравјето и среќата ти се приоритет.

Емили СкајЕмили Скај 6 часа по породувањето Емили СкајЕмили Скај 6 недели по породувањето Емили СкајЕмили Скај 4 месеци по породувањето Емили СкајЕмили Скај 5 месеци по породувањето Емили СкајЕмили Скај 7 месеци по породувањето Емили СкајЕмили Скај 9 месеци по породувањето

Емили е категорична дека враќањето во форма по втората бременост е многу побавно отколку по првата.

„Моето патување за да се вратам на моето фитнес ниво е многу побавно... Но, нема да дозволам тоа да допре до мене. Сите знаеме дека споредувањето е крадец на радоста и дека може да биде штетно дури и споредувањето со претходната верзија од себеси. Ние постојано се менуваме и нашите тела минуваат низ многу промени во бременоста и по неа“ - пишува таа.

Емили Скај

Во коментарите, многу мајки ѝ се заблагодарија за искреноста.

Емили СкајЕмили Скај пред да стане мајка Емили Скај

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19861 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.