Тејлор Свифт уште еднаш покажа дека не ги заборава своите фанови, кои себеси се нарекуваат Свифти.
33-годишната пејачка ѝ подари четири билети на девојка која поради несреќа го пропушти нејзиниот концерт пред пет години.
Изабела МекКун имала само 8 години кога се одржувала светската турнеја „Reputation“ на Тејлор во 2018 година. За жал, поради тешка несреќа во која се здобила со изгореници на 65% од телото, таа морала да остане 9 месеци во болница и го пропушти долгоочекуваниот концерт на омилената пејачка.
Свифт ја посети Изабела во болница и ѝ вети бесплатни билети за следната турнеја. Пејачката со големо срце не го заборави своето ветување.
Изабела беше специјална гостинка на концертот во Аризона.
„Нејзината музика многу ми помогна додека бев во болница. Не се работи само за тоа што можам да одам на концертот и што ми ги подарија влезниците, туку и за тоа што се од Тејлор Свифт и нејзиниот тим кој се сети на мене и помисли да ми ги подари билетите“ – рекла Изабела.