Илјадници пофалби пристигнуваат на адреса на посветен татко од Канбера.
57-годишниот Скот Финчер потроши 15 месеци за да му ја исполни големата желба на синчето Лео. Во нивниот двор, тој изгради реплика на куќарката од омилениот дизниев филм на Лео – „Up“.
„Лео ја обожава, а исто така и неговата помала сестричка Таја, која има три години. Веќе неколкупати имаат спиено во куќарката и обожаваат таму да гледаат филмови“ – вели таткото.
Скот одлучил да започне со правење на куќарката во 2019 година. Тој потрошил околу 10.000 долари.
„Ми се допаѓаше архитектурата на куќата во филмот и сакав да направам нешто слично, но поедноставно. Но, перфекционистот во мене сакаше да изгради реплика која ќе биде иста како на филмот, па завршив токму со ова“ - додава Скот.