Три братчиња го освоија последното „златно копче“ во хрватскиот „Суперталент“.
11-годишната тројка свиреше на клавир и инстантно им ги освои срцата на присутните. Особено трогнати од настапот на Томислав, Адријан и Габриел Шубариќ беа водителите Игор и Франо кои го притиснаа последното златно копче преостанато во шоуто и ги испратија талентираните браќа во полуфиналињата.