Почетна » Новости » Занимливости » 12-годишно девојче од Филипини ја расплака Хрватска и доби златно копче на „Суперталент“

12-годишно девојче од Филипини ја расплака Хрватска и доби златно копче на „Суперталент“

Девојче од Филипини, кое три години живее во Хрватска, со ангелскиот глас ги расплака присутните и жирито на „Суперталент“.

12-годишната Кристел се плашела дека нема да биде прифатена од врсниците во новата средина, но сега освојува симпатии насекаде. Таа со мајка си и нејзиниот партнер живеат во општината Свети Мартин на Мура.

Талентираното девојче настапи со песната „Dej mi bože joči sokolove“ и заслужено го доби златното копче, обезбедувајќи си место во полуфиналињата.

„Не очекував дека сè вака ќе заврши. Не можам да верувам, како да сонувам“ – изјавила таа.

Кристел ја обожава Хрватска и вели дека сите деца многу добро ја прифатиле.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.