Франческа Чезарини победи на „Italia’s Got Talent“. 16-годишната девојка не дозволи нејзиниот хендикеп да ја спречи да застане на првото место на натпреварот за таленти во нејзината земја.
Инспиративната Италијанка, која е родена со нецелосно развиени горни екстремитети и без една нога, ја освои публиката танцувајќи на шипка и одушеви со својата упорност и верба во себе.
„За мене, оваа победа не значи само победа на ‘Italia's Got Talent’, туку значи и доказ дека границите не постојат и дека соништата се остваруваат“ – напиша Франческа на Instagram.
Погледнете го нејзиниот победнички настап: