Докторите кои се секојдневно изложени на коронавирусот, преземаат драстични мерки за да ги заштитат своите семејства, бидејќи големи се шансите и самите да се носители.
Додека некои од нив живеат во одделни станови, татко од Калифорнија си постави шатор во гаражата, каде се само-изолира.
Посветениот пулмолог спие и јаде таму за да ги заштити сопругата и ќеркичката.
„Јас сум пулмолог и се грижам за критично болните лица од КОВИД-19. Доброволно избрав да бидам бездомник за да го заштитам семејството, во случај јас да се заразам и да го донесам вирусот дома. Поминав една ноќ во автомобилот, потоа 4 ноќи во соба во болницата. На петтиот ден, сопругата дојде до идеја да живеам во шатор во нашата гаража. Па, еве ме. Мојот дом за ХХ недели и месеци.“
„Вие можете да ми помогнете мене и на другите медицински лица со тоа што ќе ОСТАНЕТЕ ДОМА. САМО НАПРАВЕТЕ ГО ТОА. Никој не е премногу кул за да остане дома. Никој не е премногу здрав за да се разболи. СЕДЕТЕ ДОМА и помогнете во спречувањето на ширењето на вирусот. Безброј доктори, медицински сестри и други медицински лица работат напорно за да го спасат ВАШИОТ ЖИВОТ. Најмалку што можете да направите е да останете дома за да можеме ние, исто така, еден ден да си одиме дома кај нашите сакани“ - пишува докторот во описот на фотографиите.