Додека мерките за ограничување на движењето олабавуваат, а животот полека се враќа во нормала, голем дел од родителите воздивнуваат со олеснување.
Таис Вандерејден е мајка на 4 мали деца која совршено ги знае предизвиците со кои тие се соочуваат во време на пандемија. За да им измами насмевка на родителите и да им покаже дека не се сами, креативната Белгијка создава забавни илустрации во кои ќе се пронајдат сите мајки и татковци.
„Се започна во март, кога нашата земја беше затворена. Тотално полудев кога слушнав дека училиштата ќе бидат затворени подолго време. Цели 8 недели, имам четири мали деца (Боб, Морис, и близнаците Пепа и Колет) заедно со полна агенда со крајни рокови како писател и илустратор на детски книги. Но, јас сè уште сум жива, косата ми е дива, качив неколку килограми и признавам дека имав многу смеење со мојата екипа“ – пишува таа.