Почетна » Новости » Занимливости » Слатко-горчлив спомен: Жена создава мечиња од облеката на починати лица за ужалените клиенти

Слатко-горчлив спомен: Жена создава мечиња од облеката на починати лица за ужалените клиенти

Жена го користи својот талент за да им даде драг спомен на клиентите кои тажат по саканите личности кои повеќе не се покрај нив.

Мери Мекинс ги претвора старите алишта на покојните во спомен-мечиња, кои потоа им ги доставува на семејствата. Нејзините клиенти тврдат дека мечињата не само што ги оживуваат спомените со саканите, туку и дека гушкањето и зборувањето со нив им помага во справувањето со тагата.

Мери ги креира мечињата од омилената облека и модните додатоци на луѓето кои го напуштиле овој свет.

Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс

Изработката на мечиња не била цел на Мери додека учела да шие, но со текот на времето, тоа се претворило во нејзин бизнис и нејзина страст.

„Првото спомен-мече го направив пред пет години како услуга за пријател и луѓето постојано бараа од мене да направам повеќе. Ги одбивав затоа што сакав да се концентрирам на факултетот и на кариера поврзана со свадби.“

„Потклекнав на барањата за мечиња и откако ги поставив фотографиите на мојата страница, имаше експлозија, па во моментов сум фокусирана на нивно создавање“ – вели Мери.

Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс

Потребни се 5-6 часа работа за да се направи едно мече. Во нив е вклучено дизајнирање, планирање и шиење. Покрај тоа што правењето на овие мечиња е физички напорно, тој процес може да биде и многу емотивен.

„Знае да биде и емотивно тешко во некои денови. Неодамна, имав 37-годишен маж кој ме замоли да им направам мечиња пред Божиќ на неговите две ќерки на возраст од 10 и 12 години. Инсистираше да ја плати целата сума однапред и ми даде бакшиш за да им ги испратам мечињата на ќерките. Испадна дека тој има неизлечив рак и нема да го дочека Божиќ. Плачев цело време додека ги правев тие две мали мечиња“ – вели таа, но додава дека за неа е чест што го работи тоа.

Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс

„Навистина е привилегија да те замолат да направиш нешто од личните предмети на луѓето.“

„Ми се допаѓа да се среќавам со моите клиенти кога ќе дојдат да си ги земат мечињата – 80% од нив плачат. Тоа е затоа што ткаенините доаѓаат кај мене како тажни потсетници на минатото, а потоа во нив е вдахнат нов живот. Тие стануваат нешто што е поприфатливо за гушкање и зборување, а фидбекот е дека тие навистина помагаат во процесот на тажење“ – додава Мекинс.

Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс Мери Мекинс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.