Пред еден месец, принцот Карл Филип и принцезата Софија го добија своето второ дете. Шведскиот кралски пар сподели официјални фотографии со двете мали синчиња.
На нив, 38-годишниот принц и 32-годишната принцеза позираат со едномесечниот Габриел и едногодишниот Александар.
Фотографиите се дело на Ерика Гердемарк, а се направени во кралската палата во Стокхолм.
Карл Филип и Софија стапија во брак во јуни 2015 година, а нивното прво синче се роди на 19 април минатата година.