Малата принцеза Шарлот наполни пет години. По тој повод, Кенсингтонската палата објави официјални фотографии од слаткото девојче додека помагаше во доставување на храна на пензионери кои се изолирани во своите домови поради коронавирусот.
Шарлот изгледа неодоливо во карирано фустанче на фотографиите направени минатиот месец од војвотката Кетрин.
„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделија четири фотографии од принцезата Шарлот пред нејзиниот петти роденден. Фотографиите се направени од Војвотката додека семејството помагаше во пакување и доставување пакети со храна на изолирани пензионери во локалното подрачје“ – пишуваат од палатата.
Неодамна, војвотката Кетрин и принцот Вилијам со трите деца се вклучија во акцијата за поддршка и им аплаудираa на медицинските лица кои се во првиот ред во борбата со коронавирусот.