Љубовната приказна на Лусија Романо и Метју Шваб ќе ви го згрее срцето.
Парот со Даунов синдром се вери на настан во Чикаго, а моментот на запросувањето беше снимен во видео кое стана вирално.
Додека заедно позираа за фотографии, Метју клекна на едно колено и со прстенот во рака ѝ рече на саканата:
„Ти си убава, љубезна и секогаш пријателски расположена. Секогаш ме смееш и ме правиш подобра личност. Сакам да го продолжам ова патување со тебе. Лусија Марија Романо, дали ќе ми ја направиш големата чест да се омажиш за мене?“.
Лусија беше комплетно изненадена од романтичниот гест на своето момче, но без размислување го прифати предлогот за брак.
„Да бејби. Дефинитивно ДА“ – му рече таа.
@gigisplayhouse_ Magical Moment at GiGi’s Leadership Conference 2023! uring the GiGi’s Leadership Conference, Matthew Schwab Speaks, a motivational speaker and GiGi’s Ambassador foiGi's Playhouse Raleigh, stunned everyone with a surprise proposal. The “group” and “couples photo shoot” turned into a breathtaking moment when he got down on one knee, ring in hand. Thank you Lucia, Matthew, and family for allowing us to capture and be a part of this beautiful moment. Tears of j and loving embraces from family and friends marked the beginning of their shared journey. So grateful his GiGi's family of 60 GiGi's Playhouse locations and start ups were there to celebrate with him and Lucia! A heartfelt “Yes” sealed their future together, and we can’t wait to witness their love story unfold. Send them a lovely congrats in the comments below#gigisplayhouse #gigisbelieves #gigisconference #generationG #downsyndromeachievement ♬ Married Life (From "Up") - Geek Music
Метју вели дека свршувачката со Лусија била остварување на негов сон. „Тоа што ја побарав Лусија за жена и што таа кажа ‘ДА’ е остварување на мој сон. Веројатно ќе ни треба подолго време за да ги оствариме нашите соништа, но ќе стигнеме таму заедно“ – изјавил идниот младоженец.
Лусија и Метју се познаваат уште од мали нозе. Тие посетувале ист дневен центар за деца, што довело и до блискост помеѓу нивните семејства.
Нивните секојдневни дружби придонеле поврзаноста помеѓу нив да расте со секој поминат ден, за на крајот да се преточи во прекрасна љубовна врска.
Лусија и Метју започнале да се состануваат во средно училиште и сè уште не можат да си го замислат животот еден без друг.
„Метју е многу мил и смешен. Уживам во неговото друштво, особено ги сакам неговите прегратки. Знаев дека тој е вистинскиот кога дојде Ковид пандемијата и кога не можевме да се гледаме. Многу ми недостигаше“ – изјавила Лусија.