Раскошна свадба во Русија го привлече вниманието на светската јавност. Грандиозната свеченост била организирана по повод стапувањето во брак на Хадижа Ужахова и Саид Гуцериев, син на милијардерот Михаил Гуцериев.
20-годишната невеста носеше луксузна венчаница од Ели Сааб која тежела 25 килограми.
Над 600 гости присуствувале на прославата во московскиот ресторан „Сафиса“. Гостите ги забавувале светски ѕвезди како Џенифер Лопез, Енрике Иглесијас, Стинг и Патрисија Кас.
Не е тешко да се увиди дека за свадбата било потрошено цело богатство, особено ако се знае дека само за музиката биле платени неколку милиони евра. Хонорарот на Стинг бил 1,5 милиони евра, Енрике искеширал 500.000 евра, додека се шпекулира дека Лопез со настапот заработила 1 милион евра.