Кога се организира свадба за деца на два руски милијардери, луксузот е неизбежен.
Грандиозната свадбена прослава на синот на олигархот Алберт Авдолијан и ќерката на бизнисменот Елдар Османов, во која сосем очигледно е дека се вложени милиони, привлече огромно внимание.
За да прими дел од холивудскиот гламур, церемонијата се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес, каде традиционално секоја година се одржува доделувањето на престижните награди Оскар.
Невестата Лолита Османов блесна во раскошна венчаница, а се проценува дека за свадбената прослава се потрошени околу 600 милиони рубли.
Гостите ги забавуваа Лејди Гага и Џејсон Деруло, како и руските пејачи Николај Босков и Стас Михајлов и украинската изведувачка Светлана Лобода.