Кога ќерка на еден од најпознатите руски милионери стапува во брак со потомок на генералот кој му беше десна рака на Муамер Гадафи, светските медиуми веднаш ги насочуваат своите рефлектори кон свеченоста.
21-годишната Анастасија Фукс и Масуд Абделхафид се заколнаа на вечна љубов за време на бајковита церемонија во вила на Азурниот Брег.
За специјалниот ден невестата избра венчаница од Зухаир Мурад, која се проценува на 5.000 долари.
Свадбата завршила со сечењето на торта висока 3 метри и со спектакуларен огномет.