Почетна » Новости » Занимливости » Родила на 66 години, сега има 72 и зборува за второ дете

Родила на 66 години, сега има 72 и зборува за второ дете

Кога во јануари 2005г. Романката Адријана Илиеску ја роди својата прва ќерка, таа имаше 66 години и стана најстарата мајка во светот. Тогаш Адријана се соочи со многу критики и многумина ја оценија нејзината постапка како ужасна и себична.

Сега, на 72-годишна возраст, таа не ја исклучува можноста да роди уште едно дете.

„Медицински е возможно. Разбрав дека има обиди за зачнување на 70-годишна жена во Англија, па може да се направи. Јас сум добро, здрава сум и мислам дека е можно да имам уште едно дете во иднина, но не се брзам во моментов“ – изјавила Адријана за Dailymail.

Адријана и нејзината ќерка ЕлизаАдријана и нејзината ќерка Елиза

Единствената причината поради која Адријана би се откажала од второ дете не е нејзината возраст или недостатокот на енергија, туку неизмерната љубов што ја чувствува кон нејзината ќерка Елиза. 72-годишната мајка целото свое внимание ѝ го посветува на 5-годишната Елиза која веќе знае да чита и пишува.

Адријана потекнува од образовано богато семејство. Се омажила кога имала 20 години и останала бремена истата година. За жал, докторите ја советувале да абортира поради тоа што се плашеле дека детето нема да преживее. Немајќи друг избор, Адријана се согласила.

Кога била само 24 години нејзиниот сопруг ја напуштил и оттогаш не се премажила. Целосно ѝ се посветила на науката.

„Не ни можев да мислам за дете затоа што работев. Кога имав 37 години, откако ја завршив докторатурата, бев подготвена да имам дете. Но, во тоа време немаше ин витро оплодување“ – признала таа.

Вештачкото оплодување станало достапно во Романија кога Адријана имала 57 години. Уште тогаш таа се обидела, но бременоста не завршила успешно. Подоцна се обратила кај докторот Богдан Маринеску кој успешно го извршил оплодувањето.

„Ин-витро оплодувањето ми се случи затоа што жените се многу зафатени. Имаат работа за да заработуваат за живот. Јас сакав дете, но бев многу зафатена и никогаш немав партнер“.

„Луѓето кои ме критикуваат ми љубоморат за она што го имам постигнато во животот. Не е мала работа да објавиш 25 книги и да бидеш универзитетски професор и плус да имаш дете“ – раскажувала Адријана.

72-годишната мајка вели дека се чувствува како да има 37 години и дека поради здравиот начин на живот се надева дека ќе живее уште многу.

„Не пушам и не пијам. Ако живеам колку моите родители, Елиза ќе биде 20 години кога ќе умрам. Мислам дека имам уште многу што да ѝ дадам“ – изјавила Адријана.

Сепак, таа веќе има размислувано за иднината на Елиза кога неа ќе ја нема. Докторот кој ја оплодил ќе стане старател на Елиза (ако Елиза не е возрасна), а финансиски ќе биде обезбедена од трите имоти кои Адријана ќе ѝ ги остави во наследство.

„Најубаво нешто е помислата дека откако ќе те нема останува дел од тебе што продолжува понатаму. Ако имаш дете, немаш смрт“ – признала Адријана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.