Почетна » Новости » Занимливости » Приказната за виралната фотографија од девојче со кренати раце ќе ве растажи

Приказната за виралната фотографија од девојче со кренати раце ќе ве растажи

Фотографијата од мало девојче со кренати раце го обиколува светот. Иако навидум тоа изгледа како обична фотографија од исплашено девојче, приказната која се крие зад неа гласно зборува за страшните последици од воените конфликти врз емотивната состојба и однесувањето на невините деца.

4-годишното девојче ги подигнало рацете во знак на предавање, бидејќи мислело дека фотоапаратот е всушност оружје. Стравот во крупните очи е невозможно да ве остави рамнодушни.

Худеа

Тажната фотографија разбуди силни емоции кај милиони лица и деновиве интензивно се споделува на социјалните мрежи.

BBC потврди дека девојчето се вика Худеа, а дека фотографијата била направена од турскиот фотограф Осман Сагирли во камп за бегалци во Сирија во декември минатата година.

„Користев телеобјектив и таа помисли дека е оружје. Сфатив дека е преплашена откако ја фотографирав и ја погледнав сликата, бидејќи таа си ги прегриза усните и ги подигна рацете“ – изјавил Сагирли за BBC.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.