Спасувач во Сирија беше снимен откако извлече мало бебенце од рушевините на бомбардирана зграда.
Абу Кифа успеа да го спаси девојчето родено пред само 30 дена.
Снимката го следи Абу додека тој внимателно го носи во рацете новороденчето во амбулантно возило. Кога ќе сфати дека бебето е живо, надвладеан од емоциите, тој започнува да рони солзи.
Видео
Милиони деца се засегнати од воениот конфликт во Сирија. Минатиот месец светот го трогна тажна фотографија од шокирано детенце прекриено со крв и прашина кое седи во амбуланта.