Почетна » Новости » Занимливости » Претпразничен предлог за брак: Дечко ѝ предложи брак на саканата пред елката на плоштадот во Скопје

Претпразничен предлог за брак: Дечко ѝ предложи брак на саканата пред елката на плоштадот во Скопје

Новогодишната елка поставена на плоштадот во Скопје со денови наназад беше мета на негативни коментари и критики. Но, за еден пар, таа ќе биде дел од најслатките спомени.

Здравко Димовски на сладок начин ја запроси саканата токму пред накитената елка на плоштадот, а видеото од предлогот за брак стана хит на социјалните мрежи. Вљубениот дечко клекна на колено додека музичарот Стефан свиреше на саксофон и со блескав прстен ја побара за жена Катерина.

Парот сподели фотографии на Facebook:

Видео од моментот сподели саксофонистот Стефан Неделковски:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19750 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.