Празничната магија го обзема светот и навлегува во домовите. Во пресрет на божиќните и новогодишните празници, замокот Виндзор добива позабавно руво.
Резиденцијата во која кралицата Елизабета II и нејзиниот сопруг Филип ќе го поминат празничниот период е веќе украсена.
Во најголемата просторија, централно место доби елка висока 6 метра.
Повеќе катчиња од дворецот се накитени со украси во топли златни и црвени нијанси.
Поради пандемијата со коронавирусот, кралицата Елизабета и принцот Филип за првпат ќе го поминат Божиќ без нивните четири деца.
Годинава, парот прослави 73 години брачен живот.