Почетна » Новости » Занимливости » Празнична реклама за осамен дедо стана вирален хит, била поттикната од вистински случки

Празнична реклама за осамен дедо стана вирален хит, била поттикната од вистински случки

Реклама за осамен дедо стана вирален хит пред празниците, потсетувајќи нè колку е важно да бидеме љубезни со секого.

Празничното видео на „Charlie's Bar“ од Енискилен разбуди силни емоции кај голем број интернет корисници кои не пропуштија да го споделат. Во него е прикажан осамен старец кој на почетокот посетува гробишта, а потоа лута низ улиците, сè додека не влезе во барот и не запознае љубезен пар кој ќе му се придружи на масата.

„Тука нема непознати, само пријатели кои сè уште не си ги запознал“ – пишува во видеото.

„Божиќ може да биде многу весел период за некои, но болно тежок за други. Едно нешто е сигурно, секогаш ќе добиете топло добредојде кога ќе влезете низ нашата врата“ – пишуваат од барот на социјалните мрежи.

@charliesbarenniskillen ‘There are no strangers here, only friends you haven’t yet met’ (W. B. Yeats) Filming & Editing: @aoifeteague1 #christmasad #christmasadvert #christmasadvert2023 #christmasadvert23 #christmasadvertisement #christmas2023 #northernireland #northernirelandtiktok #northernirelandfyp #irishbar #irishpub #christmaspub ♬ People Help the People - Birdy

„Сакавме луѓето да почувствуваат нешто кога ќе го гледаат видеото. Идејата навистина дојде од случки кои ги имаме видено во барот низ годините“ – велат креаторите на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.