Мало девојче, кое расте без татко од едногодишна возраст, го покани дедо си како партнер на танцот „татко-ќерка“ во училиштето.
5-годишната Остин стопли многу срца на интернет со видеото во кое го покани дедо си Стив да ја придружува на настанот за Денот на вљубените. Се разбира, тој веднаш ја прифати поканата.
Дуото внука-дедо позираше во ускладени стајлинзи, а неодоливите фотографии допреа до милиони лица низ светот.
Мајката сподели видео и од подготовките за големиот ден и од моментот кога Остин му го постави прашањето на дедо си.
@kdub1220 Replying to @texgirlfla #bellethreads ♬ original sound - Kelsey Woolverton
„Ќе има танц за Денот на вљубените. Но, треба нашите татковци да се таму. Мојот татко нема да оди. Дали ќе дојдеш ти со мене?“ – му рече Остин.
„Многу би го сакал тоа. Тоа е најдобро“ – вели дедото.
@kdub1220 I’m not crying….
♬ Surrender - Natalie Taylor
Мајката на девојчето, Келси, објаснила дека Остин и Стив негуваат прекрасна врска и дека се многу блиски.
„Таа одлично се согласува со мојот татко. Тој би направил сè за неа“ – рекла таа.
Со видеото Келси имала за цел да ги нормализира семејствата со самохрани родители, како нејзиното.
„Ми пишаа многу луѓе кои се во слични ситуации и ми се заблагодарија што го нормализирам ова. Сакам да ја зголемам свеста кај луѓето дека овие танци татко-ќерка се одлични и не сакам да им го одземам тоа на луѓето кои имаат татко, но дека и луѓето кои немаат татковци не треба да бидат изоставени од нив“ – вели таа.