Стив Ирвин доби своја ѕвезда во Холивуд. Љубителот на животни постхумно го доби признанието, а неговото семејство присуствуваше на церемонијата.
Неговата сопруга Тери, ќерката Бинди и синот Роберт одржаа кратки говори и позираа покрај ѕвездата на Стив заедно со огромна змија.
„Бев многу привилегирана што ја имав најголемата авантура со Стив. Секој ден беше како да си сред циклон. Никогаш не знаевме каде одиме или што ќе правиме следно. Научив од Стив дека секој треба да кажува ДА. Скинете страница од книгата на Стив и сакајте сè“ – рече во својот говор Тери.
Стив почина пред 12 години по убод од риба раја на 44-годишна возраст.