Почетна » Новости » Занимливости » Пораки за Среќна Нова година

Пораки за Среќна Нова година

Ниту еден ден од годината не вплетува во нашите мисли толку многу желби за нови почетоци и успеси, за позитивни промени и благодет, за здравје и среќа, како 1 јануари. Почетокот на новата година нè поттикнува со отворено срце и најубави зборови да им посакаме на најблиските да имаат радосна и просперитетна година.

Нова година

Пренесете им ги на саканите вашите желби, поврзете се со роднините и пријателите кои се далеку од вас и потсетете ги старите и новите пријатели колку ви значат со една од следниве пораки:

„Нека новата година те прегрне наместо мене! Нека те бакне со бакнежот на вечната среќа и нека ти го осветли патот кон една блескава иднина! Нека под кристалниот ѕвон на чашите во новогодишната ноќ започнат да се исполнуваат сите твои желби!“

„Кога две стрелки ќе се поклопат и две години ќе се разминат, во тој празничен момент ти посакувам сè што може да те направи СРЕЌНА!“

„Нека во новата година животот ти биде букет од рози, врзан со панделката на љубовта, фрлен во морето на среќата и понесен од добрата судбина!“

„Во новата година ти посакувам да ја имаш силата на ветровите, смелоста на ѕверовите, мудроста на вековите и љубовта на боговите!“

„Среќна Нова Година! Ти посакувам новата година да ти донесе многу од она што не се купува со пари и многу пари за сè останато.“

„Нека 2022 година ти донесе успеси блескави како дијаманти и пријатели скапоцени како злато, а душата нека ти остане чиста како охридски бисер. Среќна Нова година!“

„Среќна Нова година! Прими го мојот подарок – ОГРОМНА ЛУБОВ, завиткан со ИСКРЕНОСТ, врзан со ГРИЖЛИВОСТ и запечатен со БЛАГОСЛОВ, за да те радува во текот на целата година.“

„Како што седум бои го исполнуваат волшебното виножито, така твојот живот нека го исполнат боите на љубовта, искреноста, грижливоста, довербата, здравјето, пријателството и задоволството. Среќна Нова година!“

„Точно на полноќ погледни кон небото. Една ѕвезда ќе сјае посилно од останатите. Во неа ги сместив моите најубави желби за тебе. Нека блеска за тебе во текот на целата година. Среќна Нова година!“

„Нека 2021 година ги спакува во своите куфери сите твои грижи, неуспеси, разочарувања, лоши мисли и падови, а 2022 нека те облече во магичен аутфит од среќа, успеси, позитивност, здравје и благодарност. Среќна Нова година!“

„Пред календарот да означи нова година, пред социјалните мрежи да се преплават со пораки, пред мобилните оператори да се „загушат“ од повици, дозволи ми да ти посакам прекрасна, просперитетна и бериќетна година.“

„Пречекај ја 2022 година со широка насмевка, изживеј ја со љубов и испрати ја со успеси. Радоста и доброто здравје нека бидат трајни гости во твојот дом. Среќна Нова година!“

„За време на ова ново патување кое денес ќе го започнеш, нека небото те благослови, а ѕвездите ти го осветлат патот. Нека се реализираат сите твои соништа и соништата на твоите сакани. Нека 2022 ти биде година на триумфи, веселби и прослави.“

„Годината е нова, надежите се нови, целите се нови, но моите топли желби за среќа и просперитет остануваат исти за тебе и за целото твое семејство. Среќна Нова година!“

„Ајде и ние како птиците да оставиме зад себе сè што не мораме да го поведеме во иднината – болката, тагата, стравовите и каењето. Животот е убав. Ти посакувам да летнеш со безгрижност и леснотија во ново патување кон блескави доживувања. Среќна Нова година!“

„Затвори ги очите, помисли на сè што ти мамеше насмевки во текот на 2021 година и заборави на сè останато. Ти посакувам тие насмевки да се помножат со милиони во текот на 2022 година. Среќна Нова година!“

„Ги сретнав љубовта, здравјето, мирот и среќата, бараа постојано место за престој. Им ја дадов твојата адреса, очекувај пожелни гости. Имај среќна и благословена нова година!“

„Времето е како река, истата вода никогаш не поминува двапати под твоите нозе. Исто како реката, моментите никогаш не се враќаат, па цени го секој момент кој ти го подарува животот и имај ПРЕКРАСНА нова година!“

„Нека те опкружи надежта, нека те прегрне светлината. Раните нека избледнат, а твоето срце нека ги прегрне добрината, љубовта и мудроста. Искрена насмевка никогаш да не ги напушти твоите усни, а руменилото на здравјето – твоите образи. Нека сите твои желби станат реалност... Тоа е мојата новогодишна желба за тебе.“

„Ти посакувам во 2022 година да имаш стотици соништа за кои вреди да живееш, илјадници причини за да се смееш, милиони радосни моменти во кои ќе уживаш и ниту една причина за да тагуваш. Среќна Нова година!“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.