Почетна » Забава » Слободно време » Направете сами: Новогодишни украси за празнична магија во домот

Направете сами: Новогодишни украси за празнична магија во домот

Поканете ја празничната магија во домот! Ослободете ја креативната енергија која се крие во вас, дозволете да ве обземе новогодишната еуфорија и разубавете го вашиот дом со интересни украси кои можете да ги изработите сами.

Венец од бастунчиња

Новогодишни украси

Снегулки од дрвени штипки

Донесете снежен изглед во домот, претворајќи ги дрвените штипки за облека во декоративни блескави снегулки.

Новогодишни украси Новогодишни украси

Санката на Дедо Мраз со бастунчиња

Празничните црвено-бели бастунчиња можат да послужат како основа за санка. Едноставно врз нив залепете големо чоколадо, а врз него наредете неколку помали слатки задоволства завиткани во хартија по избор. Во предниот дел поставете чоколадо во форма на Дедо Мраз.

Новогодишни украси

Празничен венец од салфетки

Едноставно и евтино, а ефектно. Исечете подлога за венецот од картон. Салфетките исечете ги на мали квадратчиња. Премачкајте мал дел од венецот со лепило. Користете молив со гума за да ги оформите салфетките и да ги поставите на венецот како што е прикажано на фотографиите. Продолжете на друг дел од венецот. Украсете го со црвени топчиња и обесете го со декоративна лента.

Новогодишни украси

Ароматични украси од портокал

За да направите гирланда, со калапи отсечете мали ѕвездички од кората на портокал. Направете мали дупки пред да ја оставите кората да се суши. Сушењето на ѕвездичките можете да го забрзате ако ги ставите во рерна на ниска температура. Оставете ги во рерната доволно време за да се стврднат, но не дозволувајте да се испечат и значително да си ја променат бојата. Нанижете ги ѕвездичките на конец или волница.

Новогодишни украси Новогодишни украси

Кората од портокал или мандарина многу лесно можете да ја претворите и во привлечни рози.

Новогодишни украси

Изрезбајте во портокал различни шари и збогатете го изгледот со каранфилчиња.

Новогодишни украси

Ѕвездени сламки

Новогодишни украси

Елка од конец

Врз картонски конус ставете најлонска фолија и премачкајте ја со лепило. (Во зависност од лепилото, можно е да треба да го растворите со малку вода.) Намотајте го конецот (волницата) и повторно нанесете малку лепило. Оставете да се исуши преку ноќ. Извадете ја елката прво со најлонската фолија, а потоа внимателно отстранете ја фолијата. Многу е важно лепилото да биде целосно исушено. Декорирајте ја елката со мали снегулки.

Новогодишни украси

Елки со бел силикон

Врз картонски конус дарежливо нанесете бел силикон. Со помош на пластичен нож размачкајте го рамномерно. Едната шарка можете да ја направите со пластична виљушка, додека другата, со пластична лажица.

Новогодишни украси

Геометриски снешко

Направете си снешко од хартија кој можете да го поставите како лампион на вашата елка.

  1. На бела хартија испечатете ги шаблоните за тело, глава, нос и шапка кои се приложени и исечете ги внимателно по надворешните линии (слика 1).
  2. Со помош на игла или друг остар предмет поминете по испрекинатите линии и превиткајте (слики 2 и 3).
  3. Искористете течно лепило за да ги споите (слики 4 и 5).

Шаблон за тело [PDF]
Шаблон за глава [PDF]

Новогодишни украси

Елка од салфета

Развеселете ја празничната трпеза со салфети во форма на елка.

Новогодишни украси

Чаши како свеќник

Новогодишни украси

Шишарки како мини елки

Испрскајте ги шишарките со спреј во зелена боја и оставете ги да се исушат. Врвовите обојте ги со бела боја. По желба можете да додадете светки кои ќе потсетуваат на снег. Искористете плутена тапа како држач.

Новогодишни украси

Замрзнати шишарки

Премачкајте ги сувите шишарки со лепило и поросете крупна морска сол за „замрзнат“ изглед.

Новогодишни украси

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20799 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.