Како и многу други веселби, свадбата на Фиона и Адам Гордон беше откажана поради пандемијата со коронавирусот.
Младиот пар од Англија одлучи храната која беше планирана за свадбената прослава, да ја донира за 400 медицински лица кои од првите редови се борат со КОВИД-19.
Преку добротворна организација, храната му била доставувана на персоналот во две болници во текот на два дена.
Диона и Адам стапија во брак на интимна церемонија со двајца сведоци, наместо со планираните 120 гости.
„Реакциите кои ги добивме за ова се апсолутно прекрасни“ – изјавил парот.