Романтичната приказна на Дороти и Вејн е уште еден доказ дека вистинската љубов трае вечно. Заљубените партнери се во брак 55 години, а хемијата помеѓу нив се чувствува дури и преку фотографии.
Фотографката Суџата Сетија сними прекрасна „свадбена“ фотосесија со брачниот пар на плажа, а резултатот ќе ве восхити.
„Кога Дороти излезе од собата за пресоблекување во невестинскиот фустан, очите на Вејн засветкаа како 1.000 волшебни светла. Тоа беше магично“ – изјавила Суџата.
Првата љубовна искра помеѓу Дороти и Вејн се појавила во паб пред 57 години. Тој веднаш знаел дека токму со неа ќе го помине остатокот од својот живот. „Ја видов Дороти како танцува со нејзината другарка на крајот од ходникот и му реков на мојот другар ‘Ова е девојката со која ќе се оженам’. И 57 години подоцна... ние минавме низ секоја бура заедно и сè уште сме како да сме во нова врска“ – вели Вејн.